Top Sport

Кирјос се караше со судијката, спаси две меч топки и се пласира во третото коло

Ник Кирјос, предизвика нов скандал и успеа да се пласира во третото коло на Австралија опен.

Контроверзниот Австралиец, по голема борба, која траеше три часа и 30 минути, во пет сета (5/7, 6/4, 3/6, 7/6, 6/4), го победи Иго Амбер од Франција. Кирјос во четвртиот сет, во десеттиот гем, успеа да спаси две меч топки.

Кирјос, во текот на мечот имал замерки на некои одлуки, кои со помош на технологијата ги донела судијката Маријана Виеовиќ.

Најмногу се изнервирал кога судијката го прекинала поенот, сигнализирајќи, дека при неговиот сервис, топчето ја допрело мрежата.

Кирјос се жалел на новата технологија удирајќи со рекетот по мрежата.

„Исклучете ја машината, исклучете ја. Ова ја уништува играта. Ти тоа не го разбираш? Ти тоа не го разбираш, седи и гледај во резултатот“, викал Кирјос.

Кирјос по победата над Амбер, избори меч со Доминик Тим. Дуелот на домашниот тенисер и минато годишниот финалист ќе биде дерби на третото коло.

Scroll to Top