Top Sport

Кирјос се предаде во Вимблдон

Ник Киријос го заврши своето учество на Вимблдон. Контроверзниот австралиски тенисер, поради повреда му го предаде мечот на Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим.

Проблемите на Кирјос со мускулите во стомачниот ѕид започнаа во финишот на првиот сет кој го доби со 6:2.

Два пати тој бараше медицинска помош во вториот сет, а откако овој дел од играта Алијасим го доби со 6:1, Австралиецот реши да го предаде мечот.

Оже Алијасим во осмина-финалето ќе игра со победникот од дуелот помеѓу Александар Зверев и Тејлор Фриц.

Scroll to Top