Ник Кирјос собра веќе 82 аса на Квинс Клаб турнирот за да го совлада актуелниот шампион, Шпанецот Фелисијано Лопез со 7:6(5)/7:6(3) и да се пласира во полуфиналето.
23-годишниот Австралиец имаше дури 32 аса против Лопез, израмнувајќи го сопствениот рекорд и покажувајќи дека ќе биде опасен противник на Вимблдон, но посочи дека воопшто не тренира сервис.
„Сервисот е ваков од кога бев дете. Тоа е удар на кој воопшто не работам. Можеби 10 до 15 сервиси дневно, но само за релаксација, да видам колку силно можам“, вели Кирјос.
Следен противник за него во Лондон е хрватскиот прв носител Марин Чилиќ, кој со 7:6(3)/6:2 го совлада Американецот Сем Квереј.
Во полуфиналето е и Новак Ѓоковиќ, откако 12-кратниот гренд слем шампион со 7:5/6:1 го совлада Французинот Адријан Манарино за само 78 минути за да стане само 10-тиот тенисер во Опен ерата со 800 победи. За место во полуфиналето тој ќе игра со подобриот од дуелот Жереми Шарди-Френсис Тиафоу.
Џими Конорс е на врвот по бројот на победи во кариерата со 1.256 триумфи пред второпласираниот Роџер Федерер, кој има 1.156.
Фото: ЕПА