Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос, во понеделник, по пауза од 11 месеци, ќе го одигра првиот меч. 47 тенисер на АТП листата ќе игра против Александер Милер од Франција.
Иако направи пауза од речиси една година, Кирјос, изјавил дека тенисот не му недостигал.
„Нема да лажам, не ми недостигаше тенисот. Јас се натпреварувам буквално во се што правам. Што правев? Играв игри на компјутер, навистина тенисот не ми недостигаше. Ми требаше време да се вратам во вистинскиот ритам. Тешко беше да се каже: ‘хеј се ближи Аустралијан опен, треба да тренирам’. Ми беше и тешко да се фокусирам на тенисот. Мојата мајка имаше проблеми со здравјето. Тенисот не ми беше топ приоритет“, рекол Кирјос