Top Sport

„Ќе му биде тешко на Надал на Ролан Гарос“

Борис Бекер ги коментирал шансите на Рафаел Надал на годинешното издание на Ролан Гарос. Новите услови под кои ќе се игра гренд слем турнирот во Париз и како тие ќе влијаат врз играта на Надал се главна тема во светските медиуми.

Топчињата се поинакви, прв пат се игра во септември, а не во мај, тоа се услови кои нема да му одговараат на Шпанецот.

„Тој и понатаму е сигурен како прв фаворит на турнирот, но мислам дека разликата помеѓу него и останатите конкуренти е помала него што тоа беше случај претходните години“, рекол Бекер.

Покрај условите хендикеп за Рафа може да биде и тоа што пред Ролан Гарос тој одигра само два меча на земјена подлога. Во Рим доживеа неочекуван пораз од Диего Шварцман.

„Покрај тоа тој никогаш немал ваква подготовка за Париз. Најчесто играше три па и четири турнири на земја пред почетокот на Ролан Гарос и ќе освоеше неколку титули. Оваа година тоа не е случај и тоа сигурно некако ќе влијае врз него“, заклучил Бекер.

Scroll to Top