Директорот на Ролан Гарос Ги Форже истакнал дека околу организацијата на Ролан Гарос, поради актуелната ситуација, најмалку ќе се прашуваат луѓето од Тенискиот сојуз на Франција.
Челниците на АТП решија да ги суспендираат сите турнири во светот во период од шест недели. Тоа значи дека покрај мастерсот во Индијан Велс нема да се играат ниту турнирите од серијата 1000 во Мајами и Монте Карло.
Поради тоа логично се наметнува прашањето што ќе се случи со делот од сезоната кој се игра на земјана подлога. Тука спаѓа и одржувањето на вториот грен-слем во сезоната, Ролан Гарос.
„Ќе ги следиме препораките на нашата влада и надлежните здравствени установи. Многу турнири се откажани. Искрено би претставувал проблем да го организираме Ролан Гарос без навивачи. Дали тоа би било економски оправдано? Сепак има уште време до турнирот. Ќе видиме. Најважно е здравјето на играчите и навивачите. Ќе ги разгледаме сите опции. Одлуката нема да ја донесе Тенискиот сојуз на Франција“, рекол Форже.
Ролан Гарос треба да се одржи до 24 мај до 7 јуни.