Top Sport

Клаебо ја продолжи победничката низа (видео)

Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клаебо имаше супериорен финиш за да остане непоразен во Светскиот куп во нордиско скијање, со триумфот на скиатлонот во Лилехамер.

21-годишниот Клаебо, кој имаше победи на сите четири индивидуални трки во новата сезона, заостануваше зад сонародникот Мартин Јонсруд Судби во последниот круг, но го крена темпото за да го победи со 1.3 секунди предност, а норвешкиот подиум го комплетираше Ханс Кристер Холунд.

Ова е петта победа во низа за Клаебо кој сега има 198 поени предност во генерален пласман во само втората сезона на Светскиот куп, и е прв фаворит за олимписките натпревари во февруари.

Во женскиот скиатлон, Шарлот Кала стигна до својата прва победа во дисциплината за да ја зголеми предноста во генерален пласман од СК. Швеѓанката ја победи домашната фаворитка, Хајди Венг со разлика од 20 секунди, додека третото место го освои Австријката Тереза Штадлобер. 30-годишната Кала има 113 поени предност пред Венг во генерален пласман.

Scroll to Top