Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клаебо продолжи со победничкиот старт на сезоната од Светскиот куп во нордиско скијање, откако триумфираше на 1.5 километри класичниот спринт на домашен снег во Лилехамер.
Клаебо, кој е актуелен шампион од СК во спринт, стигна до три победи на отварањето на сезоната минатиот викенд во Рука, Финска, а сега ја продолжи низата со победа пред руските скијачи Сергеј Устјугов и Александер Болшунов.
Klæbo again! What a start of the season ?? pic.twitter.com/UAqXfTlBcF
— kilian jornet (@kilianj) December 2, 2017
Во женскиот спринт, Маикен Касперсен Фала стана првата Норвежанка со победа во спринтерска трка по речиси цела година. Касперсен Фала, која живее на само 20 километри од славниот „Биркебеинер“ скијачки стадион во Лилехамер, беше побрза од Финката Криста Пармакоски, додека Американката Сејди Бјорнсен стигна до третото место.
Добриот норвешки ден во Лилехамер го комплетираше и норвешкиот состав во нордиска комбинација, победувајќи ги Германците и Французите во првото тимско натпреварување оваа сезона.