Top Sport

Клаебо со победа број 6!

Норвежанецот Јоханес Хесфлот Клаебо продолжи со апсолутната доминација во крос-кантри скијање, откако стигна до шестата победа во низа во Светскиот куп, триумфирајќи на спринтот на 1.5 километри во Давос, Швајцарија.

22-годишниот Норвежанец за 1.80 секунди го победи Италијанецот Федерико Пелегрино, додека трет беше Русинот Александер Болшунов.

Во женскиот спринт, Швеѓанката Стина Нилсон ја победи Норвежанката Маикен Касперсен Фала во драматичен финиш за само 0.08 секунди.

Scroll to Top