Владимир Кличко, сега во пензија, вели дека не му пречат двата порази во низа по кои прекина неговата доминација во тешката категорија по 21 години во рингот.
Наместо тоа, 42-годишниот Украинец вели дека сега ги следи кариерите на двајцата боксери кои го совладаа – Британците Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, додека дава часови на Универзитетот во Санкт Гален Швајцарија и ја води промотерската компанија „К2“ која ја основаше со својот брат Виталиј.
Фјури прво му ги одзеде титулите во тешка категорија во ноември 2015, пред Џошуа да го победи во епската борба на „Вембли“ пред една година.
„Кој би победил? Без многу размислување – Џошуа. Тој станува комплетен боксер – технички, според моќта, според големината. Другиот боксер, е како прдеж во ветер – беше тука и сега е никаде. Во светот на боксот има доста такви примери, кои не се доволно дисциплинирани да бидат успешни. Му посакувам најдобро на Тајсон, но тој нема дисциплина, нешто што е најважно во боксот. Мотивацијата доаѓа и си заминува, но дисциплината го прави боксерот“, вели Кличко.
Фото: ЕПА