Top Sport

Клиника Жан Митрев со едукација за здравствената заштита на спортистите

Тимот доктори од клиника Жан Митрев ги едуцираше спортските работници, претставниците на спортските сојузи, тренерите на клубовите и спортистите за здравствената заштита при постигнување врвни спортски резултати.

На предавањето на тема „Добро здравје за врвни спортски резултати“ во организација на Клиника Жан Митрев се зборуваше за значењето на превентивната заштита, за симптомите на претренираност кај спортистите, за превентивната заштита на локомоторниот апарат кај младите спортисти и што вклучува сеопфатниот превентивен преглед којшто е клучен за здрави спортисти.

Заради важноста од добро и стручно информирање за психофизичката состојба на спортистите во спортувањето и за постигнувањето на добри резултати со присутните беше отворена дебата на тема „Можности, перспективи и лични искуства на спортистите во поглед на предизвиците од спортскиот начин на живот (калориски внес, психофизички способности и останати проблеми).

Предавачи беа д-р Виолета Николов-специјалист гинеколог, Игор Николов – доктор на науки по кинезиологија, професор по физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Глигор Џолев – специјалист хирург ортопед и проф.д-р Милка Клинчева – интернист кардиолог.

Scroll to Top