Top Sport

Кобајаши е новиот „летечки Јапонец“ во Висла

Јапонецот Џунширо Кобајаши е изненадувачкиот победник на првото индивидуално натпреварување од Светскиот куп во ски скокови, откако во Висла скокна 124 и 126.5 метри за импресивна победа и за разочарување на домашната публика, бидејќи Камил Стох беше втор.

26-годишниот Јапонец на крајот собра 260.5 поени за победа пред Стох со 258.2 поени (121 и 129.5 метри), и минатогодишниот шампион од Светскиот куп, Австриецот Штефан Крафт со 257.7 поени (126.5 и 124.5 метри).

Кобајаши сега е првиот Јапонец кој е лидер во генерален пласман во Светскиот куп во последните 19 години – последен пат тоа беше Казујоши Фунаки на 11 март 1998 година по скоковите во Фалун, Шведска.

Scroll to Top