Бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев направи чекор поблиску до дуел за ИБФ титулата против шампионот Ентони Џошуа, откако во Софија успеа да го победи Хјуи Фјури на поени во последниот елиминациски меч.
24-годишниот Фјури доби исеченица над левото око во втората рунда, по што Пулев, во првиот меч по 18 месеци победи на поени со 117:111, 118:110 и 115:113. Фјури, помлад братучед на поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури, кој минатата година загуби од Џозеф Паркер, со ова ги загуби шансите за дуел со Џошуа.
За Пулев пак, ова може да е голема шанса, откако тој требаше да боксува со Џошуа минатата година но се повреди пред дуелот и Британецот влезе во рингот со Карлос Такам.