Top Sport

Кога не можеш да го удриш противникот, нокаутирај го тренерот! (видео)

Грузискиот боксер Леван Шонија реши да му се „сврти“ на својот тренер откако не му одеше најдобро во мечот против Спас Генов како дел од шоуто Кубрат Пулев-Хјуи Фјури.

Грузиецот го загуби мечот (12-ти пораз во кариерата), и својот бес го насочи кон несреќниот тренер кој го советуваше покрај рингот. Сепак, тренерот не остана покус и му врати со шлаканица, пред Шонија да упати уште еден удар, овојпат со левата рака. Судијата интервенираше на време, но ова е нешто што ретко сме го виделе во боксерскиот ринг!

Scroll to Top