Top Sport

Кој сте вие? Рафаел Надал?

Иако е светски број 1 и едно од најпрепознатливите спортски лица на денешницата, не секој го познава Рафаел Надал. Еден од тие е и член на обезбедувањето на денеска завршениот Мастерс во Париз.

Надал се повлече пред четврт-финалето во Париз поради повреда на коленото, но ова видео на кое тој се обидува да оди на тренинг, беше објавено денеска.

„Добар ден, господине, имате ли мапа?“, го запраша чуварот Надал, на што Шпанецот изненадено реагираше, пред да добие прашање: „Кој сте вие?“.

Scroll to Top