Top Sport

Коко Гоф избори пласман во уште едно финале на РГ

Американските тенисерки Коко Гоф и Џесика Пегула денеска се пласираа во финалето во двојки на Ролан Гарос во Париз. Тие ги победија сонародничките Медисон Киз и Тејлор Таунсенд, по два сета со 6:4, 7:6.

Мечот траеше 95 минути и заврши во тај-брејк кој Гоф и Пегула го добија со 7:4.

Гоф и Пегула во финалето ќе играат против подобрите од второто полуфинале, во кое украинско-латвиската двојка Људмила Киченок и Јелена Остапенко ќе играат против Французинките Каролина Гарсија и Кристина Младеновиќ.

Гоф има шанса да освои две титули во Париз бидејќи во сабота од 15 часот ќе игра во финалето во поединечна конкуренција.

Scroll to Top