Даниел Колинс втор пат во кариерата ќе игра четврт-финале на еден од Грен слем турнирите. Американката на годинешното издание на Ролан Гарос го повторни успехот од минатата година на Австралија опен.
Колинс до четврт-финалето стигна со победата над Онс Жабер. Во мечот кој траеше еден час и 58 минути Колинс победи со 6/4, 4/6, 6/4.
Имаше можност Американката да го добие мечот во два сета, во вториот сет водеше со 3:0 меѓутоа Жабер во тие моменти ја „најде“ својата игра и со голем пресврт успеа да избори трет сет.
Во решавачкиот сет тенисерките водеа голема борба, двете направија по три брејка. Клучен брејк беше оној што го направи Колинс во десеттиот гем.
Даниел Колинс во полу-финалето ќе игра против сонародничката Софија Кенин.
What a feeling!
Danielle Collins reaches her first Roland-Garros quarter-final 6-4 4-6 6-4 over Jabeur. Plays fellow American Kenin next.#RolandGarros pic.twitter.com/gdilo1Nd5t
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 6, 2020