Top Sport

Колмен со светски рекорд на 60 метри (Видео)

Американскиот спринтер Кристијан Колмен постави нов светски рекорд на 60 метри, откако делницата ја мина за 6,34 секунди. Колмен, кој лани на Светското првенство во Лондон, освои сребро на 100 метри, рекордот го постави на првенството на САД во сала што се одржа во Албукерки.

Светскиот вицепрвак на 100 метри на отворено, за 0,05 секунди го подбри претходниот рекорд на 60 метри кој во 1998 година го постави Морис Грин. Грин во 1998 година рекордот го постави во Мадрид, а три години подоцна го израмни сосптвениот рекорд во Атина.

Инаку, Колмен рекордот на Грин го собори минатиот месец во Клемсон кога трчаше 6,37 секунди, но времето не беше официјално прифатено бидејќи на стартот немало електронска опрема за мерење.

Scroll to Top