Војната со зборови помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор не престанува и една година по борбата во која Дагестанецот го победи Ирецот.
Нурмагомедов неколку пати повторил дека нема намера повторно да се бори со Мекгрегор. Првиот човек на УФЦ ејна вајт ги подгреа надежите на вљубениците во овој спорт дека ќе има реванш, на што Нурмагомедов му возврати и по пат го „пецна“ Мекгрегор.
„Прво мора да биде под 70 килограми, а потоа треба да победи на десет борби по ред. Тогаш можеби ќе размислувам за реваншот. Сега нека се бори со борци од втора класа. Бидите сигурни дека јас решаван против кого ќе се борам, јас не Дејна Вајт“, рекол Дагестанецот.
Мекрегор, во свој стил со навреди му возвратил на соперникот.
„Ти си малечок исплашен глушец. Доаѓам“.
За да добие можност повторно да се бори со Нурмагомедов, Мекгрегор најпрвин ќе мора на 18 јануари 2020 година да го победи Доналд Серон.