Top Sport

Конор го предизвика Хабиб на ри-меч: Тој избега кршејќи го ветувањето кон својот татко

Конор Мекгрегор повторно го предизвика својот најголем ривал, Хабиб Нурмагомедов на ри-меч провоцирајќи го дека го прекршил ветувањето дадено на својот покоен татко со тоа што „ибегал“ од својата боречка кариера.

Хабиб го совлада Мекгрегор во октомври 2018 во еден од најпознатите мечеви во историјата на ММА борбите, по повеќе месеци провокации од страна на Ирецот, по што во салата во Лас Вегас настана хаос откако Хабиб се качи преку оградата за да се пресмета со луѓето од тимот на Мекгрегор.

Иако во последно време Мекгрегор не го коментираше Дагестанецот, реагирајќи на неговата изјава по победите на Ислам Махачев во УФЦ и неговиот братучед Усман Нурмагомедов во „Белатор“.

„Едно време одамна некој зборуваше дека е тука да ‘го преземе’ спортот. Но, ние сме навистина тука да го преземеме“, изјави Хабиб потенцирајќи ја славната изјава на Мекгрегор од 2014.

Ирецот врати.

„Јас уште се борам! Планот на твојот татко никогаш не е комплетиран, бидејќи ти избега, брату. Господ да го благослови. Јас сум тука, ако сакаш да се бориш. Но, твојот страв од пораз значи дека веќе си загубил. Бегај колку што сакаш, сите ќе загубиме на крајот. Јас не се плашам од ништо освен од Господ“, вели Мекгрегор.

Scroll to Top