Конор Мекгрегор најави дека е подготвен повторно да се врати на УФЦ борбите откако неодамна оваа година се „пензионираше“ по третпат.
Ирецот објави фотографија на Инстаграм на која се потсети на епскиот дуел со Нејт Дијаз на УФЦ 202 пред четири години, кога го победи лутиот ривал во реванш по пет фантастични рунди, меч кој за многумина останува омилениот УФЦ меч. Сега, само два месеци откако се повлече од борбите, двократниот шампион вели дека му недостасуваат борбите.
„Пред точно 4 години. Зад сцената чекајќи го еден од најголемите мечеви во мојот живот! Мекгрегор/Дијаз II. Уау. Можеби има место за уште“, напиша Ирецот.
Во својот последен меч во јануари, Мекгрегор го совлада американскиот фаворит Доналд „Каубој“ Серон за само 40 секунди, но откако не успеа да добие голем меч, се повлече од спортот на 6 јуни бидејќи ММА веќе „не го возбудува“. Ова беше третпат тој да најави пензија, по 2016 и 2019, и сега многумина чекаат најава за реванш со Хабиб Нурмагомедов.