Конор Мекгрегор повтори дека загубил од Хабиб Нурмагомедов во 2018 година само бидејќи бил мамурен од повеќе дена пиење алкохол.
Ирската ММА атракција загуби во третата рунда од Нурмагомедов, по што следуваше огромна тепачка околу кафезот на УФЦ 229 во Лас Вегас, по што двајцата добија суспензии. Мекгрегор се врати во октагонот во јануари со победа над Доналд Серон, но нема да добие реванш против Нурмагомедов, кој ќе се бори со Џастин Гетџи оваа година, пред дуел против Жорж Сен-Пјер.
УФЦ коментаторот Џо Роган беше еден од ММА фановите кои беа возбудени од дуелот Нурмагомедов-Гетџи, опишувајќи го Американецот како најсериозен противник досега, нешто што го погоди „нервот“ на Мекгрегор
„Одмори се брату, имав мамурлак. Пиев во текот на неделата кога беше мечот. Имав некој отров во мене или не знам што. Не знам зошто“, вели Мекгрегор, кој неодамна повторно објави дека се пензионира од борбите во кафезот.