Алберто Контадор ќе го продаде својот велосипед од Џиро Д’Италија и Тур де Франс 2011, додека Рафаел Надал го продава дресот со кој го освои Ролан Гарос во 2019 година како дел од добротворната акција за собирање средства за борба против корона вирусот.
Контадор, кој се пензионираше во 2017 година и 19-кратниот гренд слем шампион Надал го објавија ова на Твитер.
„Здраво на сите, бидејќи уште се бориме со КОВИД-19 сакам да направам уште едно нешто. Ќе го дадам на аукција овој оригинален велосипед од 2011, кој е многу посебен за мене“, напиша 37-годишниот Контадор.
Велосипедистот, кој победи на Тур де Франс во 2007 и 2009, ја загуби титулата од Џиро Д’Италија во 2011 по позитивнио тест на кленбутерол. Велосипедот со почетна цена од 2.500 евра, веќе достигна 12.500 евра во средата.
Hola a todos, seguimos luchando con este Covid-19 y quiero hacer un esfuerzo más. Voy a subastar esta bici, original de Giro-Tour 2011 muy especial para mí, lo recaudado irá íntegro para #cruzrojaresponde , lo haré a través de EBay, os dejo el enlace en mi Bio. Un abrazo fuerte pic.twitter.com/UOAJATNbg5
— Alberto Contador (@albertocontador) April 8, 2020