Top Sport

Контадор на операција за отстранување на 100 бенигни тумори!

Шпанската велосипедска легенда, Алберто Контадор, откри дека бил на операција за отстранување на над 100 липоми, бенигни тумори кои се составени од масно ткиво на 21 декември, потврдувајќи дека подолго време нема да може да вози велосипед.

40-годишниот Контадор, кој во кариерата двапати победи на Тур де Франс и на Џиро Д’Италија и трипати триумфираше на својата домашна Вуелта Еспања, објасни дека бил целосно покриен со преврски од половината надолу.

„Беше време да се отиде на сервис. Морав да отстранам некои липоми, и на крајот беа над 100. Нема да можам да возам велосипед некое време“, вели Контадор во објавата на Инстаграм во која го промовира својот бренд на велосипеди „АУРУМ“, кој го формираше со уште еден поранешен велосипедист, Италијанецот Иван Басо.

Scroll to Top