Top Sport

Контроверзните скокови во Оберстдорф за Камил Стох (видео)

Полскиот ас Камил Стох ги замолче 40-тината илјади германски навивачи во Оберстдорф, за да стигне до победа на првата скокалница од 66. издание на новогодишната турнеја „4 Скокалници“.

Минатогодишниот шампион од турнејата, Стох, имаше најмногу нерви при многуте одложувања поради силниот ветер во Оберстдорф, кој неколку пати се закануваше дека ќе го прекине натпреварувањето.

На крајот, Стох имаше скокови од 126 и 137 метри за да собере вкупно 279.7 поени, победувајќи го фаворизираниот Рихард Фрајтаг со 275.5 поени (128.5 и 127 метри) и полскиот сонародник Давид Кубацки, кој до првиот подиум во кариерата дојде со 270.1 поени (126.5 и 129 метри).

Штефан Крафт, австрискиот шампион од Светскиот куп, беше лидер по првата серија, но на крајот се задоволи со четвртото место.

Следното натпреварување е на 1 јануари во Гармиш-Партенкирхен.

Scroll to Top