Денес, со квалификациите во Оберстдорф, ќе започне 69 издание на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Покрај во Оберстдорф најдобрите во овој спорт ќе се натпреваруваат во Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.
Минатата турнеја ја освои Давид Кубацки, кој нема шанси оваа сезона да ја одбрани титулата.
Полските репрезентативци се испратени во изолација, откако на последното тестирање позитивен тест имал Клеменс Муранка. Сите од полскиот тим биле во контакт со Муранка, поради што ќе мора да поминат период во изолација додека не им бидат направени тестови. Ова значи дека сите полски ски-скокачи ќе го пропуштата натпреварот во Оберстдорф.
Бидејќи нема да настапи на првиот натпревар, Кубацки, нема да има никакви шанси да ја одбрани титулата. Покрај Кубацки шансите за висок пласман ги загуби и Камил Стох, кој два пати победил на Новогодишната турнеја.
Полјаците, доминираа изминатите години на турнејата, забележаа три победи на последните четири изданија.
Распоред на натпреварите:
Оберстдорф:
28 декамцри, 16.30 квалификации
29.декември, 16.30 скокови
Гармиш-Партенкирхен:
31.декември, 14.00 квалификации
1.јануари, 14.00 скокови
Инсбрук:
2.јануари, 13.30 квалификации
3.јануари, 13.30 скокови
Бишофсхофен:
5.јануари, 16.30 квалификации
6.јануари, 16.45 скокови