Top Sport

Коронавирусот нема да ја одложи борбата Нурмагомедов-Фергусон

Борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон е настанот кој со нетрпение се очекува. Дагестанецот треба да ја брани титулата во лесна категорија. Поради пандемијата со коронавирусот логично се наметнува прашањето дали борбата ќе се одржи.

Мечот е закажан за 18 април во Бруклин. Инаку подрачјето околу Њујорк е едно од најпогодените од вирусот во САД.

Првиот човек на УФЦ Дејна Вајт тврди дека мечот ќе се одржи, со или без публика тоа како што вели не било важно.

„Борбата помеѓу Хабиб и „наочарите за сонце“ ќе се одржи на 18 април. УФЦ секогаш наоѓа начин, со или без навивачи, борбата ќе се одржи. На луѓето дома им е потребна забава“, рекол менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделазиз.

Scroll to Top