Кошаркарската репрезентација на Македонија се закити со бронзениот медал на Специјалната олимпијада што се одржува во Абу Даби.
Македонските репрезентативци во борбата за третото место ја победиле селекцијата на Буркина Фасо со 24:18.
Ова е шестти медал за македонските спортисти на Специјалната олимпијада, претходно во пливање златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски, во атлетика со сребро и бронза се закити Адријан Шабани, а бронза освои Сара Дураку.
На Специјалната олимпијада, во 24 спортови се натпреваруваат 7.000 спортисти од 190 земји.