Колби Ковингтон, еден од најдобрите УФЦ фајтери во велтер категоријата, влезе во остар напад над актуелниот шампион во лесна категорија, руската ѕвезда Хабиб Нурмагомедов нарекувајќи го „љубовник на овци“, откако претходно го нарече Дагестанецот „валкано животно“.
Зборувајќи за неговиот потенцијален меч со УФЦ шампионот во велтер категорија, Тајрон Вудли, Ковингтон вели дека нема „лош публицитет“ за најавите за мечевите, посочувајќи на мешаницата која се случи по мечот на Хабиб против Конор Мекгрегор.
„За ММА нема да има проблеми. Дојдовме до најниското ниво пред неколку месеци кога тој љубовник на овци, Хабиб скокна од кафезот и им се закануваше на невини луѓе. Очигледно, сѐ поминува во последно време“, изјави Ковингтон.
Is it gonna be @blessedmma or @briantcity at #ufc231 ? The People’s Champ is here to make your bank accounts great again with Americas Pick of the Week, so go on over to @betmybookie and get that action in. Hit the link in my bio and use code COLBY to get a 100% deposit bonus. pic.twitter.com/47blpzOHyV
— Colby Covington (@ColbyCovMMA) December 8, 2018
Ковингтон очигледно нема високо мислење за Хабиб, откако по мечот на 6 октомври, на Твитер беше подиректен.
„Хабиб е валкано животно! Го врати спортот назад 20 години, ти глубав е.ач на овци“, напиша Ковингтон.
All you sheep are on the Kabob train tonight, but if you knew what they did to sheep where he’s from… you wouldn’t get so close. @TeamKhabib #ufc229
— Colby Covington (@ColbyCovMMA) October 6, 2018