Top Sport

Крафт најдалеку на квалификациите во Закопане

Актуелниот шампион во генерален пласман, Австриецот Штефан Крафт продолжи каде што застана, откако беше најдобар на квалификациите за првото натпреварување од Светскиот куп во Висла, Полска.

24-годишниот двократен светски шампион олимписката сезона ја почна со најдолг скок од 126.5 метри, за вкупно 129.5 поени, пред Германецот Штефан Лејхе (124.5 метри за 127.6 поени) и Јапонецот Џуниширо Кобајаши (126 метри за 126.5 метри). Оваа година има промени во системот на натпреварување – топ 10 скокачите веќе не се „ослободени“ од квалификациите.

Крафт лани стигна до осум победи од Светскиот куп за да ја освои титулата од Светскиот куп.

Полјакот Камил Стох, кој во Сочи во 2014 освои две златни медали, беше петти како најдобар Полјак со 122 метри и 123.7 поени. Словенечкиот фаворит Петер Превц беше само 22.

Натпреварувањето од СК почнува утре со тимско натпреварување (17 часот), додека во недела на програма се индивидуалните скокови (15 часот).

Scroll to Top