Елена Остапенко, шампионката на Ролан Гарос од 2017 година, од турнирот ја елиминираше втората носителка Каролина Плишкова. Летонката, за само 69 минути, победи во два сета 6/4, 6/2.
Остапенко од освојувањето на титулата во француската престолнина во изминатите две години не успеваше да го мине првото коло, но оваа сезона нејзината игра потсетува на шампионското издание.
Прецизни удари од основната линија, совршени дроп-шот удари, дури и нејзиниот сервис е подобар од претходно. Плишкова во ниту еден момент немаше решение за расположената Остапенко.
На крајот Летонката имаше 27 винери и 19 неизнудени грешки, додека Плишкова направи 25 грешки, а имаше само девет директни поени.
Остапенко за пласман во четвртото коло ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Бадоса и Стивенс.