Top Sport

„Кралот“ на тешката категорија знае да шутира пенали

Ударите на Ентони Џошуа обично се полни со повеќе моќ и чиста сила, но светскиот шампион во тешка категорија се покажа дека знае да удира и од белата точка.

Популарниот Еј Џеј уживаше во тренинг сесија со пензионираниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал и пријатели на опоравување во Дубаи. Абидал му покажа како се прави тоа со одличен удар во горниот десен агол, по што боксерскиот ас се обиде да го повтори тоа.

ИБФ, ВБО и ВБА шампионот се одмара во Дубаи по нокаутот над Карлос Такам минатиот месец, додека неговите агенти и претставници го договараат можниот дуел со Американецот  Дионтеј Вајлдер, непоразениот ВБЦ шампион.

Scroll to Top