Роџер Федерер од денес повторно е број 1 на АТП листата. Швајцарецот по пет години се врати на тронот.
Швајцарецот на 36-годишна возраст стана највозрасниот „број 1“ во светскиот тенис, а денес ја започна својата 303. недела на челната позиција на АТП листата.
„Ова е една од оние недели кои никогаш нема да ги заборавам. Ја освоив 97.титула во кариерата и се вратив на првото место во светот“, изјави вчера Федерер откако во Ротердам ја освои титулата.
Следна цел на Швајцарецот ќе биде да стигне до 100 титули во кариерата.
Федерер на чената позиција има 10.105 бода, втор е Шпанецот Рафаел Надал со 9.760, а на третото место е Хрватот Марин Чилиќ со 4.960 бода.
Во Топ 10 на АТП листата следуваат Григор Димитров (4.635), Александар Зверев (4.450), Дминик Тим (4.220), Давид Гофан (3.280), Џек Сок (2.880), Кевин Андерсон (2.825) и Хуан Мартин дел Потро (2.815).