Тина Вајрајтер победи во супервелеслаломската трка која во саботата се возеше во Кранмонтана и го презеде водството во генералниот пласман во оваа дисциплина.
Вајрајтер која на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои бронзениот медал, во Кранмонтата победи со резултат 1:02.17. Девојката од Лихтенштајн ја забележа деветтата победа во кариерата.
It’s brilliant from @TinaWeirather
Liechtenstein’s finest wins in Crans Montana to secure a 9th World Cup win of her illustrious career ? pic.twitter.com/20TyQezDYS
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) March 3, 2018
Второто место го освои Ана Фејт од Австрија (1:02.53), а на третата позиција се пласира Швајцарката Венди Холденер (1:02.55).
Вајрајтер е лидерка во оваа дисциплина со 46 бода повеќе од Лара Гут која во Кранмомнтана ја освои седмото место. Во вкупниот поредок води Микаела Шифрин со 1.513 бода, втора е Холденер со 902, а трета Вајрајтер со 797 бода.
Девојките в недела во Кранмонтана ќе се натпреваруваат во комбинација.