Top Sport

Кро Кап за 60 секунди заработи богатство

Најдобриот хрватски ММА-борач на сите времиња, Мирко Филиповиќ, иако веќе има 43 години, успешно им пркоси на предизвиците во рингот.

Легендарниот Кро Кап последниот ден од 2017 година одработи еден меч во Јапонија, каде што за 60 секунди брутално го претепа домашниот борач Цујоши Кошака.

Несреќниот јапонски борач со тешки повреди заврши во болница, а Мирко Филиповиќ за една минута заработи многу пари. Специјализираните портали тврдат дека Кро Кап од борбата излегол побогат за сума од 300 до 350 илјади долари.

Филиповиќ е ММА-легенда и сумата што ја заработи не преставува големо изненадување, а сигурно е дека неговата банкарска сметка ќе расте бидејќи има договорено уште неколку борби.

Кро Кап за минута го смачка Кошака (видео)

Scroll to Top