Една година откако се повлече со победа на Ризин ГП, Мирко Филиповиќ-Кро Кап се врати во рингот за да се заблагодари на јапонската публика и не разочара, уништувајќи го Цујоши Кошака за само 60 секунди.
Во „Саитама арената“, Кро Кап веќе по неколку секунди го имаше Кошака на подот, а по низата удари во главата, судијата по само 60 секунди го прекина мечот
Ова беше 50. меч во слободна борба во кариерата за Кро Кап, во кои има 36 победи, 11 порази, 2 ремија и еден меч прекинат поради повреда. Од вкупно 80 мечеви во кариерата, дури 59 ги имаше во Јапонија. Исто така, ова е осма победа во низа во ММА за Хрватот, негова најдобра серија.