Top Sport

Куриер веќе не е капитен на Дејвис куп тимот на САД

Четирикратниот гренд слем шампион Џим Куриер се повлекува од позицијата капитен на американскиот Дејвис куп тим по осум години, потврди Американската тениска асоцијација (УСТА).

Како капитен, поранешниот светски број 1 имаше 10-8 скор со САД, носејќи ги во полуфиналето во 2012 и 2018, откако пред неполни две недели загубија во драматичен меч од Хрватска во Задар со 3:2.

„По мечевите со Хрватска, им соопштив на тенисерите и на луѓето околу мене дека ова е последната година како капитен. Беше вистинска чест и гордост да се претставува САД како тенисер и како капитен“, вели Куриер, кој освои две Дејвис куп титули како тенисер во 1992 и 1995 година.

48-годишниот Куриер ги остава САД во добра позиција – со обезбедна автоматска квалификација во новиот формат на Дејвис куп шампионатот во 2019 по полуфиналето оваа година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top