Иако цело време ја криеја бременоста на Ана Курникова, поранешната руска тениска ѕвезда и нејзиниот сопруг, поп-ѕвездата Енрике Иглесиас, сега ги покажаа близнаците кои ги добија на крајот на декември.
„Мое сонце“, напиѓаа двајцата на фотографиите со близнаците, но не открија кој го држи синот Николас, а кој ќерката Луси.
Курникова и Иглесиас се во врска од 2001 година, кога се запознаа на снимањето на спотот на Иглесиас, и познати се по тоа што строго ја чуваат својата приватност.