Надја Подорска, 131 на ВТА листата, го забележа најголемиот успех во кариерата со пласманот во полу-финалето на Ролан Гарос. Аргентинката која мораше да игра и квалификации во четврт-финалето ја победи третата носителка Елина Свитолина со 6/2, 6/4.
Подорска испиша историја на Ролан Гарос, таа е првата тенисерка која миз квалификациите стигнала до полу-финалето.
За Аргентинката ова е втор настап на Грен слем турнирите во кариерата. Пред четири години на Ју-Ес опен испадна во првото коло.
Од друга страна Свитолина четврти пат во кариерата не успеа да го мине четврт-финалето на Ролан Гарос.
Мечот кој траеше 80 минути го обележаа брејковите, ги имаше дури 13. Ретки беа гемовите во кои тенисерките ги добиваа своите сервиси.
Подорска во полу-финалето ќе игра против победничката од дуелот помеѓу Свјонтек и Тревисан.
Cinderella, it’s not midnight yet ??@nadiapodoroska becomes the first women’s qualifier to reach the semi-finals in Paris upsetting Svitolina 6-2 6-4.#RolandGarros pic.twitter.com/0T9Fxfg4S8
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 6, 2020