Top Sport

Квитова и Рибарикова во финалето во Бирмингем

Актуелната шампионка Петра Квитова со 6:3/6:2 ја совлада Романката Михаела Бузарнеску за да стигне до финалето на Бирмингем класик турнирот, каде што ќе игра со Словачката Магдалена Рибарикова.

Квитова, која е двократна шампионка од Вимблдон, стигнува до финалето без загубен сет за 51. победа на трева во кариерата, која исто така е нејзина 36. победа во 2017, со што ја помина светската тенисерка број 1, Симона Халеп.

„Бројките се фантастични, нема да лажам. Не очекував вакво нешто на почетокот на сезоната. Не можам да замислам подобра сезона“, вели Чехинката.

Следна за неа е шампионката од 2009 и нејзина тренинг-партнерка Магдалена Рибарикова, која со 7:6(1)/6:4 ја совлада Чехинката Барбора Стрицова. 29-годишната Словачка се врати од брејк во двата сета за да освои директни 24 победнички топки за импресивна победа.

Scroll to Top