Top Sport

Квитова избори полу-финале на РГ

Петра Квитова од Чешка со победата над Германката лаура Зигмунд 6/3, 6/3 избори пласман во полу-финалето на Ролан Гарос. Квитова го израмни својот најдобар резултат во Париз, во 2012 година таа во полу-финалето доживеа пораз од Марија Шарапова.

Речиси целиот меч мина во доминација на Квитоа, исклучок е еден мал приод во вториот сет кога Зигмунд успеа да се врати во мечот.

Сервисот одлично ја служеше Квитова, поради што не и дозволи ниту една брејк шанса на противничката. Единствниот брејк во првиот го направи Квитова во четвртиот гем.

Вториот сет Квитова го започна со 2:0, Зигмунд успеа да го врати брејкот и да израмни на 2:2, а потоа тенисерката од Чешка клучниот брејк го направи во седмиот гем.

Квитива за пласман во финалето ќе игра против една од Аметиканките Даниел Колинс или Софија Кенин.

Scroll to Top