Top Sport

Квитова против Младенович во финалето во Петроград

Предводена со фантастичниот сервис, двократната шампионка од Вимблдон, Чехинката Петра Квитова ја победи Јулија Гергес со 7:5/4:6/6:2 за да се пласира во финалето на Санкт Петербург опен, каде што ќе се соочи со актуелната шампионка, Французинката Кристина Младенович.

Младенович пак, се врати од сет негатива против Русинката Дарја Касаткина, која во четврт-финалето ја совлада светската тенисерка број 1, Каролине Вознијацки. Французинката на крајот стигна до 3:6/6:3/6:2 победа.

Scroll to Top