Top Sport

Квитова се извлече, Азаренка не успеа

Тенисерката од Чешка, Катарина Синијакова, ја елиминира Викторија Азаренка и го направи најголемото изненадување на вториот натпреварувачки ден на Ролан Гарос.

Синијакова, во два сета, успеа да ја порази поранешната број 1. На крајот тенисерката од чешка славеше со 7:5, 7:5.

Нејзината сонародничка, познатата Петра Квитова, успеа да избегне елиминација од Парагвајката Вероника Роиг.

Првиот сет со 3:6 и припадна на Роиг, потоа возврати Квитова со експресни 6.1, а во третиот сет брејкот, што го направи Квитова во осмиот гем, и овозможи конечен триумф.

Шпанката Карла Суарез Наваро, експресно избори пласман во второто коло. Таа за само 42 минути ја декласира Ана Коњух. Суарез на тенисерката од Хрватска и препушти само еден гем во двата сета.

Во втората рунда се пласираше и Јапонката Наоми Осака по победата 6:2, 7:5 над Софија Кенин од САД.

Scroll to Top