Американецот Ноа Лајлс ги истрча најбрзите 100 метри оваа година за да ја освои американската титула во Де Моин, Ајова, откако со 9.88 беше пред Рони Бејкер и Кендал Вилијамс.
Во полуфиналето, Лајлс прво го израмни најдоброто време оваа година на Мајк Роџерс од 9.89 поставено во четвртокот. Светскиот рекордер во сала Кристијан Колмен и свтскиот шампион на 100 метри, Џастин Гетлин не учествуваа на натпреварувањето.
„Мислам дека покажав дека можам да се натпреварувам со најдобрите и да бидам исто толку брз“, вели 20-годишниот Лајлс, познат како специјалист на 200 метри, кој го има поставено и најдоброто време на оваа далечина од 19.69.
Noah Lyles won USATF 100m final in world leading time. #trackandfield pic.twitter.com/nCLknCwaMH
— Physicist ? (@afiqhaj) June 23, 2018