Top Sport

Лани го освои Ролан Гарос, сега работи во супермаркет за 450 евра

Германскиот тенисер Кевин Кравиц (28) минатата година го освои Ролан Гарос во игра во двојки, со Андреас Мис, а сега работи во супермаркет во Германија, за плата од 450 евра.

Тој раскажа за „Дер Шпигел” како се најде на „новото“ работно место.

„Работам во супермаркет за 450 евра веќе неколку недели. Уште од порано планирав да работам некоја нормална работа, барем некое време. Коронавирусот ми даде прилика тоа и да го остварам. Некои мои колеги стануваат во 5 часот наутро и во продавница до 5.30 ги полнат полиците. На овој начин учам да имам што повеќе емпатија“ – вели Кравиц.

Германецот моментно е 13-ти дубл играч во светот на тенисот, а минатата сезона настапувајќи по турнирите заработил околу 600.000 долари.

Scroll to Top