Швајцарката Лара Гут победи на супервелеслаломската трка која во неделата се возеше во Кортина Дампецо. Гут ја забележа првата победа во Светскиот куп по пауза од една година, колку што отсуствуваше поради операција на коленото.
И покрај лошите временски услови, силен ветер дуваше на патеката во Кортина Дампецо, Гут успеа да победи со 14 стотинки подобро време од Италијанката Јохана Шнарф, додека Автријката Никол Шмидхофер го освои третото место.
„Убаво е што се вратив и секако дека е убаво што победив. Секогаш сум брза во супервелеслаломот. Кога скијам вака секогаш сум меѓу најдобрите десет“, рекла Гут.
Инаку апсолутната рекордерка во Коритна Дампецо со 12 победи, Линдзи Вон, имаше шесто време, за 37 стотинки послабо од остварувањето на Гут.
„Несреќен ден, никогаш не сум скијала по толју силен ветер. Но тоа не може да се промени, среќата ја чувам за февруари“, ги најавила Вон ЗОИ кои ќе започнат на 9.февруари.
Скијачките во вторник ќе возат велеслалом во Сан Виљо ди Меребе.