Првиот официјално санкциониран боксерски меч без ракавици имаше крвава завршница во мечот во Вајоминг, но и одлична реакција на публиката.
32-годишниот Арнолд Адамс, ММА борач во тешка категорија го совлада поранешниот УФЦ борач, Д.Џ.Линдерман во крвава завршница пред 2.000 фанови на хокеарски терен во престолнината на Вајоминг, Чејен. Шоуто кое вклучуваше 10 борби привлече неколку десетина илјади гледачи преку пеј-пер-вју.
Ова беше прв меч во бокс без ракавици во САД од 1889 година.
Најбрзиот нокаут на вечерта се случи кога Сам Шјумејкер со еден удар го прати Ерик Приндл на подот по само 18 секунди од мечот во тешка категеорија.
„Тоа беше како хоумран“, вели Шјумејкер.
Во единствениот меч меѓу жените, 29-годишната Австралијка Бек Роулингс ја совлада Алма Гарсија со технички нокаут во втората рунда, по што призна дека боксот без ракациви е посебен.
„Ова е исто како кога прима удари во ММА, но понекогаш имаш повеќе болки во рацете од удирање. Ова е најчистиот борбен спорт – одиш таму и маваш“, вели Роулингс.
What a #BloodyGoodNight of Bare Knuckle Fighting pic.twitter.com/wuLN0Rn5IJ
— Bobby Rizz (@The_Rizzer) June 3, 2018
Bare-knuckle royalty graces Wyoming, as Bobby Gunn ices Irineau Beato Costa Junior. Allegedly throwing at just 40 percent, the Canadian wins in 41 seconds. He boasts a 72-0 BKB record with 71 KOs. #BareKnuckleFC pic.twitter.com/6XHQsV8V6c
— Kyle Johnson (@Maldobabo) June 3, 2018