Top Sport

Легендата Бјерндален не е во норвешкиот олимписки тим

Норвежанецот Оле Еинар Бјерндален, најуспешниот зимски олимпиец во историјата, нема да учествува на рекордната седма Олимпијада, откако Норвешката биатлонска асоцијација го потврди составот за Пјеонгчанг.

43-годишниот Бјерндален, кој во кариерата има 13 олимписки медали се обидуваше да стане рекордер со седмата Олимпијада по дебито во Лилехамер во далечната 1994 година.

„Денот дојде, и тоа е тоа. Мислам дека ќе бев во подобра форма за Олимпијадата“, изјави Бјерндален, кој беше 42. на последната трка во Рухполдинг.

Бјерндален има 8 олимписки злата, 4 сребра и една бронза и е на четвртото место на вечната листа на Олимпијадите зад американскиот пливач, Мајкл Фелпс (28) и гимнастичарите од поранешниот Советски Сојуз, Лариса Латинина (18) и Николај Андријанов (15).

Норвешкиот биатлонски тим за Јужна Кореја е составен од браќата Јоханес и Тарјеи Бо, Емил Хегле Свендсен, Ларс Хегле Биркеланд, Хенрик Л’Абе-Лунд и Ерленд Бјентегард.

Scroll to Top