Top Sport

Лигата на нации ќе се игра во „балони“

Овогодишното издание на одбојкарската Лига на нации ќе се одржат во еден или два „балони“. Причина за ваквата одлука на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) е пандемијата со коронавирусот.

Планот е во „балонот“, да се играат натпреварите по групи, исто така во „балон“ ќе се игра и завршниот турнир.

Иако ќе се играат турнири во „балони“, планот на ФИВБ е да се одигра ист број натпревари како и претходно, станува збор за 130 натпревари во машка и женска конкуренција.

Scroll to Top