Top Sport

Линдзи Вон победи 80. пат во кариерата (видео)

Американката Линдзи Вон победи на спуст трката која во саботата се возеше во Гармиш-Партенкирхен.

Вон до третата сезонска победа, втора во спуст, а вкупно 80. во кариерата во Светскиот куп дојде со вкупно време 1:12.84 минути.

На второто место на победничкиот пиедестал се најде Италијанката Софија Гоџа која имаше послабо време за само две стотинки, додека на третата позиција заврши Австријката Корнелија Хитер која задоцни за 13 стотинки.

Гоџа е лидерка во вкупниот пласман со 349 бода, Вон има 43 помалку,а зад неа е Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со 298 бода.

Во вкупниот пласман води Американката Михаела Шифрин со 1.513 бода, а ја следат Венди Холденер со 842 и Петра Влхова од Словачка со 754.

В недела на истата патека од 10:20 часот ќе се вози уште една спуст трка.

Scroll to Top